По години поминати во убедување дека корисниците немаат потреба од поголем екран, Apple конечно попушти и му го претстави на светот својот прв огромен телефон – 5,5 инчниот iPhone 6 Plus. По сите дефиниции, iPhone 6+ e „фаблет“ уред (телефон со големина блиска до таблет компјутер), и иако беше неочекувано од Apple, бидејќи го чекавме 4,7 инчниот iPhone 6, сепак анализите покажуваат дека Аpple мораше да претстави фаблет.
The video cannot be shown at the moment. Please try again later.
Зголемувањето на бројот на фаблети допринесува се поголем број од корисниците да ги префрлат своите активности на овие уреди за сметка на малите и средни телфони, а бројот на активни корисници по уред се зголеми двојно. Ова се одрази на активноста на корисниците на уредите, па така иако бројот на активни корисници на малите и големи таблет компјутери продолжува да расте, според сесиите на апликациите, нивното користење не соодветствува на нивниот број. За разлика од ова 6 отсто од активните фаблет корисници се „одговорни“ за 11 отсто од сесиите на апликациите.
Со оглед на тоа дека во времето на анализата iPhone 6+ се уште не беше објавен, податоците само за Android пазарот покажуваат уште поголем влез на фаблет телефоните. Кај корисниците на Android уделот на фаблетите пораснал дури 11 отсто од 7 на 18 отсто. Ова исто така покажува дека Аpple, со својот огромен број на фанови на брендот, гледа потенцијал да конкурира на фаблет пазарот.